Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓанте да понесат државно знаме на протестот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
protest-3-2

Маката, проблемите, инфлацијата, сиромаштијата, корупцијата, распаднатото здравство се работите кои ги засегаат сите луѓе во Македонија, вели ВМРО ДПМНЕ

„И ова се подеднаквите проблеми кои ги обединуваат и Македонците, и Албанците, и Турците, и Ромите, и Србите, и Власите, и Бошњаците и сите останати.

Станавме држава со највисок раст на горивата, држава со најмал раст на БДП во Европа, највисока стапка на инфлација.

— реклама —

Овие работи кои силно го тиштат народот може да се менуваат исклучиво преку промени, избори и смена на власта.

— реклама —

Премногу е од се што досега видовме од оваа власт на СДС и ДУИ.

Затоа на „Протестот за промени" кој ќе се случи во Сабота со почеток во 20 часот, ги повикуваме сите граѓани да понесат со себе државни знамиња, да се обединиме околу македонското сонце и да испратиме порака дека сме обединети сите луѓе во заложбата да ја направиме Македонија подобро место за живеење, и со тоа ќе дојдеме до промени. Испраќаме порака сите граѓани со себе да понесат државно знаме, македонското сонце, да демонстрираме одлучност дека само заедно можеме да ги менуваме работите, само обединети може да обезбедиме иднина.

— реклама —

Црвено жолтото знаме не обединува во овие тешки моменти за државата. Илјадници знамиња да ги развиориме за обединување и за нова иднина. Да ги надминеме сите бариери, сите поделби кои власта ги наметнува и да кажеме илјадници грла во еден глас Премногу е! Народот се одлучи за промени“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања