Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ ги задолжува општините, Радовиш е нова на листата, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
vmro_dpmne

Неспособните локални власти на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со неодговорно и расипничко раководење на општините, вели СДСМ

„Локалните управи на ВМРО-ДПМНЕ предводени од шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски спроведуваат скапи и нетранспарентни задолжувања на општините, на штета на граѓаните.

— реклама —

Аеродром, Бутел, Гази Баба и Прилеп, се општините кои преку обврзници ги задолжуваат граѓаните.

Не се знае за што се наменети овие задолжувања, не се знае колку време ќе се отплаќаат, ниту колкава ќе биде каматната стапка.

— реклама —

Но, јасно е дека граѓаните наместо решавање на проблемите и нови проекти, добиваат долгови, кои ќе ги плаќаат со години.

— реклама —

И општина Радовиш ќе се задолжува со 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра преку кредит од комерцијални банки

Ова е добро познатата практика на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2017 година, по 12 години владеење ги оставија општините во долгови, со блокирани сметки.

— реклама —

Сега повторно ги задолжуваат и нанесуваат голема штета на општините и на граѓаните.

Со неработење, партизација, покачување на цените на комуналните услуги и задолжувања на богати општини, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ се докажа како најнеспособна“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања