Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

ВМРО ДПМНЕ: Ѓорчев денеска имаше обраќање пред генералното собрание на Европската народна партија во Брисел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев денеска имаше обраќање пред генералното собрание на Европската народна партија, во рамки на неколкудневната официјална посета на Брисел која што ја реализираат заедно заедно со потпретседателот, Александар Николоски, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Владимир Ѓорчев во своето обраќање политичките колеги од ЕПП ги запозна со катастрофалните состојби во Македонија.

— реклама —

Владимир Ѓорчев го истакна влошувањето на економската состојба во Македонија откако Заев е на власт. „Владината корупција стана секојдневие во државата, се повеќе се гушат медиумските слободи, а пак политичкиот прогон е факт. Егзодусот од ден во ден се повеќе се зголемува, со еден збор земјата секојдневно назадува.“, рече Ѓорчев.

— реклама —

Ѓорчев информираше и за растот на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста и на анкетите. „ВМРО-ДПМНЕ ја зголемува предноста пред СДСМ и тоа ќе значи победа на следните парламентарни избори“, истакна Ѓорчев.

— реклама —

Ѓорчев нагласи дека следната македонска влада ќе ја состават ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Тогаш таа влада интензивно ќе работи на европската агенда и ќе соработува со Европската комисија предводена од Урсула фон дер Лејен од редовите на ЕПП, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања