ВМРО-ДПМНЕ упати честитка до сите православни верници по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица.
Од партијата посочуваат дека празникот ги симболизира верата, надежта, љубовта и семејството, а Мајката Божја ја истакнуваат како пример за скромност, трпеливост, пожртвуваност и човечност.
„Успението на Пресвета Богородица е празник на верата, надежта, љубовта и семејството. Мајката Божја е вечен пример за скромност, трпеливост, пожртвуваност и човечност – вредности кои нè потсетуваат дека силата на едно општество се темели на почитта, солидарноста и грижата за другите“, се наведува во честитката.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека семејството, традицијата, верата и солидарноста се темели врз кои, како што велат, треба да се гради силна, достоинствена и просперитетна Македонија.
„Нека овој голем празник донесе мир во домовите, спокој во срцата, здравје и благосостојба и нека нè обедини во заедништво, почит и љубов кон семејството и татковината“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму упатија и желба празникот Успение на Пресвета Богородица да биде честит и вековит.