Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за навреди кон починатиот градоначалник на Брвеница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за несоодветни навреди кон починатиот градоначалник на Брвеница, Јовица Илиевски, кој беше избран од редовите на владејачката партија.

— реклама —

Од партијата велат дека се згрозени од изјавите на Филипче, во кои, како што наведуваат, Илиевски бил доведен во контекст на криминал и незаконско работење.

— реклама —

„Ваквото однесување покажува дека Венко Филипче е во специфична состојба и ги поминува сите граници“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека нема да возвраќаат со иста реторика, но сметаат дека Филипче треба да покаже почит кон починатиот градоначалник и неговото семејство.

— реклама —

Во реакцијата се истакнува дека Јовица Илиевски важел за мирен, семеен и чесен човек, кој двапати по ред ја добил довербата на жителите на Општина Брвеница.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека граѓаните ќе го запомнат однесувањето на Филипче и ќе го имаат предвид при следното гласање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv3682r9l6im85zta4KI

Лефков до Бочварски: На интерпелацијата сакате да наметнете амнестија за вашата неработа, а сте се потпишале сите поранешни министри од владата на СДС

Македонија | пред 4 месеци

— реклама —
media-librarylp0a97gtngura0rBNye

Петкова до Бочварски: Заборавивте ли дека во ваше време имаше протести, неисплатени плати и најголемо незадоволство кај земјоделците

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryoeahqqu800je1NEs5M9

Тушевска: Политиките на СДС ги доведоа земјоделците на раб на опстанок со неисплатени субвенции, пад на сточниот фонд, проблеми со откупот на земјоделските производи

Македонија | пред 4 месеци

media-library750tfn8snojqfl15JjD

Пенков: Владеењето на СДС остави длабоки последици во земјоделието

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања