Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВМРО ДПМНЕ го повикува градоначаликот Георгиески да ја повлече точката за легализација на дивоградбите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vmro-Ohrid

Легализацијата на 7 бесправно изградени објекти во кампот Градиште во најзаштитениот појас , тама на денешната пресс конференција во ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Од партијата велат:

— реклама —

Неодговорното однесување на локалната администрација никако да запре сакајќи преку Советот на општина Охрид да протурка штетни и непримерни одлуки. Градиште е огледало на тоа како функционира целиот систем на Република Македонија. Лицемерието односно контрадикторните ставови во однос на заштитата на градот од УНЕСКО се очигледни.

Легализацијата на 7 бесправно изградени објекти во кампот Градиште во најзаштитениот појас, во непосредна близина на езерото, експресно државата и нејзините институции ги издале сите потребни согласности за овие легализации. Замислете тие и незаконски веќе се вметнати во катастар на Република Македонија како „зпз земјиште под зграда".

— реклама —

Го повикуваме в.д градоначалникот Константин Георгиески да ја повлече точката од дневен ред за легализација на дивоградбите на утрешната седница на Советот и веднаш да се донесе одлука за мораториум во согласност со препораките од УНЕСКО.

Вистина ли е дека постои „медијатор“ помеѓу барателите на имот и владата?

Како е подготвена Владата да им плати на сопствениците на имоти во државни обврзници по 6000 денари по м2, а притоа барателите да ги повлечат и да се откажат од сите досегашни тужби и жалби во врска со денационализацијата на Градиште?

Кој ќе биде сопственик на овие бесправно изградени објекти?

Зошто молчи ЈУНП Галичица, со оглед дека овој локалитет е во Зоната за одржливо користење, или Хидробиолошкиот институт во Охрид?

Повикуваме на разумност, исто како што ги повикуваме и сите еколошки друштва и граѓански здруженија да продолжат да се грижат и да се борат за зачувување на езерото. Препораките на Унеско не посочуваа ваков несериозен начин на работи во Градиште и незаконски да се заграби најатрактивниот простор на Охридското крајбрежје велат од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања