Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО-ДПМНЕ го заглави Скопје, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
274143347_1163644194441606_4204342751029048074_n

ВМРО-ДПМНЕ по една година комплетно го заглави Скопје, се докажа како убедливо најлоша локална власт во историјата на главниот град, вели СДСМ

„Откако 11 години се изживуваа врз граѓаните, државата, а особено врз градот Скопје, со мегаломанското обезличување Скопје 2014, сега го доведоа во колапс функционирањето на градот.

Не реализираа ниту едно изборно ветување, ги прекинаа започнатите проектите, за кои веќе се обезбедени средства.

— реклама —

Скопје остана без јавен превоз, сите градски комунални претпријатија се соочуваат со проблеми.

— реклама —

Локалните власти ги оставија граѓаните на цедило и не сакаа да обезбедат парно греење за скопјани, но Владата предводена од СДСМ обезбеди греење за Скопје.

Поради неспособната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, Владата ќе ги преземе сите големи и клучни проекти кои се започнати во Скопје и во рамките на своите надлежности ќе ги направи, заради граѓаните, заради скопјани.

— реклама —

Со ВМРО-ДПМНЕ градот Скопје е заглавен, како што 11 години беше заглавена државата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања