Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО ДПМНЕ: Годинава нема ниту “п” од преговори, а на Заев не му бегаат грчките плажи или развозувањето со скапите мотори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
120190420_222432

Зоран Заев минатата година најави дека добил датум за преговори. Во владиниот авион прослави дека преговорите со ЕУ ќе почнат овој јуни и замина да се разлади на море во Грција. Годинава нема ниту “п” од преговори, а на Заев не му бегаат грчките плажи или развозувањето со скапите мотори. На Зоран Заев не му е гајле што Европа не сака да го види на преговарачка маса. На Зоран Заев му одговара да се пролонгираат преговорите затоа што само така ќе може да си ги дели тендерите и да вработува роднини и љубовници на партиските послушници, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Цената на криминалот, корупцијата и неспособноста на Зоран Заев да испорача реформи ја плаќаат граѓаните. Зоран Заев добива ладен туш, а за жал народот е тој што се разболува. Патот кон ЕУ не е отворен, но затоа овоштарите трасираат пат со праски, бидејќи Заев и владата не ја интересира каде и како ќе го пласираат сопствениот род, иако им ветуваа и брда и долини.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека владата на Зоран Заев ќе доживее фијаско заради неспособноста да ги испорача реформите кои земјите членки на ЕУ ги бараат.

— реклама —

Последните најави дека сега датумот ќе дошол во октомври кои повторно ги изнесува Заев се попусти, затоа што датумот ќе дојде со реформите, а реформи нема. Впрочем кои европски лидери сега му се криви на Заев што државата оди назад во секоја област.

— реклама —

Останува граѓаните да се прашуваат зошто од нивниот џеб беа потрошени повеќе од 180 000 евра за прославите за датум за преговори со Европската Унија. Одговорност за неуспехот мора да има. Граѓаните не смеат да ја плаќаат цената за неспособноста и криминалите на Заев. Македонија не смее да биде казнета заради Заев. Датум за преговори треба да биде даден, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира преговорите и реформите неопходни за членство во ЕУ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања