Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ВМРО ДПМНЕ: Граѓаните на своја кожа ги чувствуваат катастрофални економски политики

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

За тоа колку се живее подобро во Република Македонија говори фактот што граѓаните секојдневно живеат се посиромашно.

— реклама —

СДСМ и Заев залудно се обидуваат да ја лажат и манипулираат јавноста, граѓаните на своја кожа ги чувствуваат нивните катастрофални економски политики, се вели во соопштение од ВМРО ДПМНЕ кое е реакција на соопштението на СДСМ.

Заев ја донесе Македонија до питачки стап, повеќе од 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, 70% од граѓаните земаат помала плата од просечната, а повеќе 140.000 млади живеат во сиромаштија.

— реклама —

Македонската економија е на дното во Европа поради катастрофалните економски политики кои ги води владата на СДСМ. Додека економиите во Европа и регионот растат, Македонија има мизерни 2,05 проценти БДП кои се далеку од ветените 5 или 7% кои Заев толку многу ги ветуваше.

За расипништвото на СДСМ говорат и секојдневните задолжувања од кои граѓаните не видоа никаков бенефит, ниту донесоа капитални инвестиции, ниту отворија нови работни места, освен оние отворени работни места за децата на функционерите на СДСМ.

СДСМ покажаа дека не се способни да раководат со државната економија.

СДСМ, Заев, Тевдовски и Анѓушев не се разбираат од економија и затоа треба што побрзо да си заминат, се вели во соопштение од ВМРО ДПМНЕ кое е реакција на соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања