Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

ВМРО ДПМНЕ: Граѓаните не знаат дали утре ќе се прехранат, а Владата на Заев сака да ги покачи и горивата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Не два, туку три денари по литар гориво сакаат Зоран Заев и Нина Ангеловска дополнително да им земат на граѓаните за да ги финансираат партиските вработувања и луксузите од кои не се откажуваат. Заев и СДСМ не ги интересира дали и колку ќе скокнат цените на прехрамбените продукти  по покачувањето на висината на акцизата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Граѓаните гледаат дека владата на СДСМ не може и не знае да се справи со ситуацијата во која се наоѓа Република Македонија поради корона вирусот. Единствено нешто за кое се тие способни е да профитираат од парите на граѓаните.

— реклама —

Без никаков срам во оваа тешка ситуација СДСМ успеаја за само четири дена да потрошат 8 милиони денари за репрезентации, услуги во ресторани и патувања.

Граѓаните не забораваат дека оваа влада не понуди мерки кои ќе бидат за нивно добро. Мерките кои што ги презентираа за стопанството се несериозни, задоцнети и не се доволни. Тие не значат никаква помош. напротив само продлабочување на тешката ситуација во која се наоѓа Република Македонија.

— реклама —

Наместо да понудат пари за стопанството кое се наоѓа во многу тешка ситуација, СДСМ пдлучи да го награди рекетарскотп СЈО и сите роднини на партиските функционери кои таму работат и молчеа за криминалите на Јанева и нејзините соработнички.

Граѓаните се исплашени за себе и за животната егзистенција на своите семејства.

СДСМ докажува дека единствено се грижат за своите џебови, но не и за иднината на граѓаните.

СДСМ мора да ја напушти суетата и да ги прифати конструктивните предлози на ВМРО ДПМНЕ за да помогне на бизнисот, државата и граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања