„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се донесени на работ должничко ропство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Македонија е единствената држава во Европа која е водена од политичар аболициран за сериозен криминал. Единствена држава во која на власт е криминален картел кој единствено работи за партиските и бизнис интересите на кланот Заеви.

— реклама —

Одродената и криминална власт секојдневно ги задолжува граѓаните. Последното задолжување изнесуваше 58 милиони евра, а со ова темпо таканареченото грчко сценарио и банкрот е неизбежно. Граѓаните се донесени на работ должничко ропство, а сиромаштијата зема замав. Над 460 илјади македонски граѓаните преживуваат со еден оброк дневно и секојдневно гладуваат.

— реклама —
 Нема нови проекти, не се отвораат нови работни места, младинската невработеност изнесува повеќе од 50 проценти. Со оглед на фактот што реализацијата на капиталните инвестиции изнесува очајни 27,4 проценти, нема изградба на 600 километри автопат, нема изградба на нови клинички центри и студентски домови, владата не гради нови училишта и спортски сали, останува прашањето за што се трошат парите на граѓаните?

Со оглед на криминалното работење на власта и принципот „евро за вицето“ јасно е дека парите на граѓаните завршуваат на сметките на партиски и државни функционери. Преку криминални грантови и тендери СДСМ на чело со Зоран Заев спроведува досега невиден грабеж споредлив само со времето на криминалната транзиција.

Владеењето на Заев се повеќе потсетува на мрачните 90-ти, сивилото повторно надвисна над Македонија, граѓаните се во апатија и на работ на својата егзистенција. Нема повисоки пензии, јавноста е сведок на се повеќе компании кои заминуваат во стечај, безнадежноста дека ќе има правда и правдина е се поголема.

Темните облаци кои надвиснаа над Македонија ќе си заминат, крајот на политичката кариера на Заев е на повидок. Заев избра да не ја почитува волјата на народот јасно искажана на референдумот за промена на името, но казната ќе ја добие на следните парламентарни избори на кои граѓаните уште погласно ќе му кажат на Заев доста е, заврши времето на транзиционите политичари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања