Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

ВМРО ДПМНЕ: Граѓаните се соочуваат со илјадници провлеми, кои нема кој да ги реши, а Заев вели дека Македонија чекорела на добар пат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Доколку во минатото решавање на проблемот кој Грција го имаше со нашето име беше единствена причина за недобивање датум за преговори, сега проблем станува криминалот на Заев и неговата влада.

Сиромаштијата, корупцијата и неправдата не се и не може да бидат правиот пат за Македонија. Уништено здравство, земјоделие и образование не се и не може да бидат прав пат за Македонија. Граѓаните се соочуваат со илјадници провлеми, кои нема кој да ги реши, а Заев вели дека Македонија чекорела на добар пат. Патот до Европа не оди заедно со коруптивните скандали на власта, негрижата и неспроведените реформи,  се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Големиот арамилук на  владата на СДСМ се гледа од Брисел. Заев во Македонија го инсталираше владеењето на  криминалот, безредието, рекетирањето, наместените тендери и безперспективноста.

— реклама —

Единствениот прав пат за Заев е да поднесе одговорност за иселувањето на младите, но и за  поигрувањето со пензионерите. Да понесе пдговорност за посрамотивањето и ја опустошувањето на Македонија.

— реклама —

На ЕУ не и треба влада која само декларативно  ветува  и лаже дека гарантира владеење на правото, а во своите редови има корумпирани политичари кои освен сопствениот џеб ништо друго не ги интересира.

Три години го чувствуваме „блескањето“, но решенија на проблемите нема. Македонскиот граѓанин не може да живее само со „ќе“ живот.  Сиромаштијата и катастрофалните економски политики на Заев се правиот пат само за уништување на државата.

Само чесни политичари се одговорни пред граѓаните. На Зоран Заев народот ќе му ја испорача сметката на избори. Одговорност за неправдите и за огрешување пред законите ќе има.

Прогресот ќе настапи кога неспособната влада ќе си замине во историјата. Тогаш на Македонија ќе и се случи обнова која ќе го врати достоинството на земјоделецот, на младиот човек, на пензионерот, на работникот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања