Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ рече дека опозицијата нема да даде зелено светло на предлогот на ДУИ, Талат Џафери повторно да биде избран за собраниски спикер. Според него во изминатиот мандат биле кршени процедурите од првиот човек во Парламентот.
„Ова владејачко мнозинство нема да го поддржи предлогот Талат Џафери, по се она што се случуваше во изминатите 3 години. Во изминатот мандат се кршеше демократијата, се кршеа процедурите, се носеа закони по скратена постапка. Од 800 закони , беа донесени 300 по скратена постапка. Затоа ние нема да го поддржиме овој избор на тенкото парламентарно мнозинство кое нема далеку да стигне“, рече Мицевски.
И од Колацијата Алијанса за Албанците-Алтернатива од собраниската говорница кажаа дека нема да дадат поддршка на Џафери, затоа што според нив ова парламанетарно мнозинство е нелегитимно, а Џафери доаѓа како поддршка од таму.