Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

ВМРО-ДПМНЕ: И четвртиот министер за здравство Меџити со нула корективни мерки, во прилепската болница-неспособноста чини животи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


И четвртиот министер за здравство Меџити со нула корективни мерки во прилепската болница-неспособноста чини животи, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„На денот кога во јавност излегува случајот со новороденото од Прилеп, директорката на прилепската болница, Кети Смилеска на социјалните мрежи организира партиска трибина што говори за грижата за аномалиите во болницата.

— реклама —

Иако Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати алармираше за состојбата на болницата, надлежните молчат.

— реклама —

Прашуваме:

Дали е точно дека новороденчето што почина пристигнало во Скопје без транспортен инкубатор?

Како се организирани дежурствата во болницата?

Дали е точно дека еден педијатар дежура на две одделенија?

Дали е точно дека дежураат општи доктори и специјализанти на ортопедија и хурургија?

Дали е точно дека со дозвола на директорката педијатри дежураат во Битола и имаат и по 15 и повеќе дежурства месечно?

Од новите распишани супспецијализации нема ниту една за неонатологија или перинатологија;

Повторно прашуваме зошто нема корективни мерки од стручните надзори во болницата во Прилеп и Битола?

Кои мерки ги презема Министерството за здравство и Комитетот за безбедно мајчинство и зошто воопшто не реагираат за аномалиите во овој сегмент?

Зошто ништо не се презема за лошата инфраструктура и условите за третман на пациентите“, пишуваат на социјалните мрежи од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања