СДСМ повторно лаже. Во време на ВМРО-ДПМНЕ министерството за земјоделство давало под закуп на државно земјоделско земјиште за инвестициски проекти во преработувачки капацитети и примарно земјоделско производство, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ на изјавата на Зоран Заев.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година за првпат во историјата на Република Македонија овозможи за достапност на земјоделско земјиште за широк круг на индивидуални земјоделци и правни лица. Пред 2006 година целото земјоделско земјиште во Република Македонија беше во посед на само 400 лица блиски до СДСМ, тоа е корегирано од ВМРО-ДПМНЕ и сега земјиштето е во посед на вистинските земјоделци.
СДСМ за овие две години колку што е власт создаде хаос во земјоделието. Субвенциите се намалени, исплатата доцни, а откуп нема.
Заев пред избори ветуваше дека откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да откупи, истиот ветуваше поголеми откупни цени, за сега по избори ништо од тоа да не е случај.
СДСМ го уништи земјоделието во овие две години, затоа СДСМ мора да си замине, се вели во реакцијата.