Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ВМРО – ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да го рехабилитираат Ванчо Михајлов, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
vmro-1

Скандалозни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го рехабилитира соработникот на фашизмот и крвникот на македонскиот народ, Ванчо Михајлов, вели СДСМ

„Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и осуден криминалец во бегство, Никола Груевски го потврди континуитетот со Ванчо Михајлов.

— реклама —

Претходно и Христијан Мицкоски јавно рече дека нема да се огради од Ванчо Михајлов затоа што е дел од контитнуитетот на оваа партија.

— реклама —

Лицемерно ВМРО-ДПМНЕ ја напаѓа владеачката коалиција за бугаризација и асимилација, а зад грбот на граѓаните бугаризација прават ВМРО-ДПМНЕ и нивната сестринска партија ВМРО-БНД, со заеднички именител во нивниот претседател Ванчо Михајлов.

Токму ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михајлов изгради спомен куќа во Штип и постави восочна фигура во природна големина во музејот во Скопје.

— реклама —

Сега ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да го рехабилитираат Ванчо Михајлов, кој самиот се сметал за Бугарин, а Македонија ја сметал за држава на Бугарите.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на луѓе кои што биле извршители на Третиот Рајх, кои го негираат македонскиот идентитет, идеолошки поклоник на фашизмот.

Заглавена во минатото ВМРО-ДПМНЕ е против уставните измени, против европскиот пат на државата, против интересите на граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања