Работните групи за законот за јавно обвинителство и денес не успеаа да најдат заеднички речник. Според Антонио Милошовски остануваат истите поголеми недоразбирања за некои делови. Тој не е категоричен дека не може да се донесе одлуката за законот но вели дека се уште има потреби од средби.
Од друга страна Дамјан Манчеввски вели дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ако не гласаат за законот за јавно обвинителство, уште еднаш ќе потврдат дека единствена цел им е да ги заштитат тајкуните и криминалците на режимот.
Синоќа од Штип лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати по повод 29 години од општинскиот комитет, ја обвини власта дека е најголем непријател на правдата.
И ВМРО-ДПМНЕ реагираше по изјавата на Манчевски. Од таму велат дека СДСМ се заглавени и се подолу тонат со обидите да ги амнестираат криминалот и високата корупција. Тоа е единственото на кое се посветени и за тоа ја жртвуваат иднината на државата. Ниту правда ниту интеграции ќе има со селективноста на правдата која што ја водат преку “пупка судството” и прислушуваното ЈО на Зоран Заев.