Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ВМРО ДПМНЕ: И тоа дочекавме, Заев се фали со странска компанија која банкротирала пред еден месец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dura-3

И тоа дочекавме. Заев се фали со странска компанија која банкротирала пред еден месец. Она што зачудува е фактот што Зоран Заев и Кочо Анѓушев промовира инвестиции на компанијата Дура аутомотив Системс за која реномираниот Вол Стрит Журнал на почетокот на ноември пишуваше дека веќе банкротирала. Дали Зоран Заев и Анѓушев свесно во пресрет на изборите ги лажат граѓаните дека донеле инвестиција на компанија која и самата има сериозни финансиски проблеми и е во банкрот?

— реклама —

Ако е така, тогаш ова е уште една лага на Заев како и лагите со кои три години ги убедува граѓаните дека само што не дошле странски инвеститори и само што не почнал економскиот бум во Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Владата на Заев имаше три години да донесе инвестиции во Македонија, а притоа да почнат самите со разговори, па да дојде до старт на производство. Резултатите од нивното работење се поразителни. Од почетокот на годината заклучно со средината на годината, нивото на странски инвестиции е 48,7 милиони евра. Ова е убедливо најмалку во целиот регион. Во месеците мај, јуни дури имаме дури и одлив имаме негативно салдо на странските директни инвестиции. Граѓаните сеуште ги очекуваат инвестициите на Фолксваген, Фејсбук, Гугл, САНОС кои ги најави Заев.

Ова го нема, ама затоа има најавено ново задолжување во јануари со еврообврзница во износ од половина милијарда евра.

Владата која што ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ после 12 април ќе отпочне преговори, но и ќе донесе многу други инвестиции во земјата. Нашата цел е Македонија да биде економски и технолошки тигар на Балканот, но и во Европа и таа цел ќе биде реалност после падот на оваа власт предводена од Заев. Она кое ВМРО –ДПМНЕ го нуди пред граѓаните е дека нивото на странски инвестиции и домашни инвестиции биде во вредност не помала од 4 милијарди евра во време на нашиот мандат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања