Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

ВМРО ДПМНЕ: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе финансира половина од трошоците за изградба на нова енергетска фасада во домовите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Мерките и проектите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги ветува ќе донесат обнова на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ преку новата програма планира проект со кој ќе им обезбеди на граѓаните енергетска обнова во нивните домови.  Тоа практично значи можност секое семејство да дојде до нова фасада и оков на својот дом при што половина од инвестицијата ќе ја покрие државата, односно 50 проценти е на трошок на државата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во нашата земја многу од домовите на граѓаните се енергетски неефикасни, или воопшто немаат фасада, а нивната обнова или изградба на фасада чини доста пари.

— реклама —

Затоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе финансира половина од трошоците за изградба на нова енергетска фасада и замена на ефикасен оков во домовите. Со оваа мерка ќе се намали непродуктивното користење на енергијата, а тоа пак ќе придонесе за заштита на животната средина.

Оваа мерка ќе придонесе граѓаните да имаат топол дом на зима, и ладен на лето и она кое што е најважно пониски сметки за топлинска енергија и заштеда на нивните семејни буџети.

— реклама —

Со овој проект ќе имаме и заживување на градежната индустрија,  но истовремено подразбира и заштита на животната средина.

По 12-ти април, во Република Македонија обновата ќе победи, и ќе дојде време кога ќе има повеќе за секого, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања