Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО ДПМНЕ: Индустријата е рбетот на економијата и ако таа тоне, тогаш економијата е во општ колапс, Заев е виновен за лошите економски резултати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Vasev-03-09-2019-mediumi

Државата и граѓаните осиромашуваат. Лошите економски политики, покачените даноци, криминалот и корупцијата во власта ја намалија продуктивноста во реалниот сектор, доприносот кој го има секој работник во реалниот БДП е во пад, истакна Светислав Васев од ВМРО ДПМНЕ.

Според податоците на ДЗС бројот на вработениве во земјава во првиот квартал од 2019-тата година во однос на последниот квартал од 2018-тата година е во пораст, но наместо покачување во истиот период бележиме пад на реалниот БДП за 211 милиони евра. Ова е показател дека економијата тоне.

— реклама —

Доколку ако земеме во предвид еден друг податок на ДЗС, според кој бројот на работниците во индустријата во јули оваа година, во однос на јули лани е намален за 2.5%, односно на 100.000 работници во јули лани, сега имаме 2.500 работници помалку. Од тука се поставува логичното прашање каде тогаш се новите вработувања? Дали нови вработувања имаме всушност во јавната администрација? Дали со тоа само дополнително се става товар на буџетот?

— реклама —

Индустријата е рбетот на економијата и ако таа тоне, тогаш економијата е во општ колапс.

— реклама —

Зоран Заев е виновен за лошите економски резултати. Првин ги покачи даноците, со што директно стимулираше одлив на инвестиции од државата во државите во соседството и даночна евазија. За потоа со криминалот и корупцијата да ги искасапи бизнисите и доведе до питачки стап.

Епилогот е видлив. Работници со мали плати, непродуктивни и незадоволни, и бизнисмени без развојни можности. Со вакво темпо нема раст, туку стагнација.

Потребни се предвремени парламентарни избори. Заев е директно виновен за лошите резултати во економијата. Заев мора да си замине, истакна Светислав Васев од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања