Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

ВМРО ДПМНЕ: Инвестициите во земјава се на историско најниско ниво, а просечната стапка на раст во период од 2017 – 2018 е 1, 4 %

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vmro_dpmne

СДСМ и Зоран Заев ја уништуваат македонската економија. Инвестициите се на историско најниско ниво, а просечната стапка на раст во период од 2017 – 2018 е 1, 4 % што е двојно помалку ако се спореди со растот од 2006 до 2016 кога просечната стапка на раст била 3,2 %, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Ништо од ветеното Заев и Анѓушев не остварија. Економијата тоне, граѓаните едвај преживуваат. Нема поголема плата, нема инвестиции, нема вработувања , нема економски просперитет. Инвестициите се катастрофални и нема ништо од ветувањата на Заев дека ќе има инвестицииски бум. Официјалните податоци на НБРМ покажуваат дека во првиот квартал од 2019 година вкупниот износ на СДИ пресметан според стандардната методологија е 29.68 мил. евра, што е најлош резултат остварен во изминатите 10 години.

— реклама —

Над 500.0000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата додека другите едвај врзуваат крај со крај. Дополнителни, дека СДСМ постојано лаже зборува и фактот дека нема капитални инвестиции. Реализацијата на капиталните инвестиции заклучно со Април изнесуваат 9, 38 или едвај 10 %. Кочо Анѓушев, Зоран Заев и Сугаревски треба да им се извинат на граѓаните за кажаните лаги, неисполнетите ветувања и мизеријата која ја предизвикуваат со нивното неработење.

— реклама —

Дека состојбата во економијата е алармантна покажуваат и официјалните податоци за раст на јавниот долг од над 50 % што ја надмина психолошката граница. Задолженоста постојано расте со што заклучно со месец Мај Тевдовски ги задолжи граѓаните за огромни 388милиони евра.

— реклама —

Ова зло мора да си замине и да дојдат подобри денови за македонската економија. Со триото Заев , Анѓушев, Тевдовски црно им се пишува и на граѓаните и на македонската економија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања