Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ: Излегуваат лагите од Заев за глас повеќе - 300 пилоти во Македонија немало од осамостојувањето па до денес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

На површина излегуваат сите лаги на Зоран Заев од предизборието во 2016 година. Зоран Заев го ветувал и невозможното само за да дојде до глас повеќе.  Ветувањето за вработување на 300 пилоти од Арачиново е жално и срамно. Да лажете луѓе од едно населено место дека само од нивното место ќе вработите 300 пилоти е врв на безобразие и поигрување со состојбата во која се наоѓаат луѓето притиснати од материјално егзистенцијални проблеми, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Колку е голема лагата на Заев гледаме и од фактот што 300 пилоти во Македонија немало од осамостојувањето па до денес. За да бидат примени 300 пилоти тие треба да поминат обука и никој не може да гарантира дека сите 300 кои ја почнеле и ќе ја завршат обуката.

— реклама —
— реклама —

Срамни се лагите на Заев. Имајќи во предвид како лаже можеме само да претпоставиме колку нови лаги кои ги кажувал ќе излегуваат во иднина. Зоран Заев нема повеќе кредибилитет пред никого во Македонија.

— реклама —

Зоран Заев мора да си замине, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања