Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Ја осудуваме постапката на Левица која се поклони на Енвер Хоџа, комунистички диктатор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
341040016_140417062328486_1072199189428976031_n

ВМРО-ДПМНЕ ја осудува постапката на неформалниот коалициски партнер на СДС и ДУИ, Левица која се поклони на Енвер Хоџа, комунистички диктатор.

— реклама —

„Станува збор за величење на човек познат по тортурата и изразена недемократија и кршење на човекови права.

— реклама —
— реклама —

Привезокот на власта, фолирантот Апасиев не може во исто време да се поклонува на Енвер Хоџа, и да го бара родното место на Гоце Делчев. Шизофрената позиција водена од дневните потреби на власта за ПР, Апасиев го одведе до таму да го слави комунистичкиот диктатор. Можеби ДУИ и СДС како наследници на комунистите се чувствуваат задоволни што поранешниот советник на СЈО Апасиев е вреден обожувач на нивната идеологија, но ова нема врска со демократски вредности и само ја опишува специфичната состојба во која се наоѓа власта. Ги повикуваме ДУИ и СДС да го осудат ваквиот чин на нивниот коалициски партнер и спаринг играч Левица.

— реклама —

Со ова Апасиев и Левица докажаа дека нивната политика и идеологија е тортура врз сопствениот народ и поддржуваат насилни методи на цензура и насилно владеење, како што всушност владеел и самиот Енвер Хоџа“, се вели во соопштнеието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања