Советничката во Советот на Битола Анита Ангелевска, долгогодишна членка на ВМРО-ДПМНЕ и низ годините носител на партиски функции, беше експресно разрешена откако даде изјава во која побара оставка од лидерот Христијан Мицковски и вонреден конгрес. Aнгелевска во изјавата рече дека загрижува фактот што ВМРО ДПМНЕ со сегашниот претседател Мицкоски „не може и нема капацитет да биде алтернатива за надминување на очајната и безизлезна состојба во државата“, објави СДК.МК.
„Вонреден конгрес, мобилизирање на партиската структура, сојузништво со граѓаните, застапување и искрена борба за нивните интереси, единствено тоа ВМРО ДПМНЕ ќе го врати на победничката патека. ВМРО ДПМНЕ, мора да излезе од фазата на губитник и партија која нема фокус, а сега најново и партија која бојкотира избори. Секој одминат ден без вонреден конгрес, ја ослабува партијата, а слабо и дефокусирано ВМРО ДПМНЕ е само на штета на Македонија, на нејзината иднина и на штета на нејзините граѓани“, рече Ангелевска.
Текстот во целост на: СДК.МК.
фото: СДК.МК.