Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО ДПМНЕ: Јанева е рекетарот на Заев, Сите знаат дека главата на октоподот е единствениот аболициран премиер во Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
120190420_222336

Катица Јанева е рекетарот на Зоран Заев. Цела македонска јавност знае дека главата на октоподот е единствениот аболициран премиер во Европа. Русковска и Јовевски и натаму се ставаат во заштита на криминалот, во заштита на Зоран Заев кој е на чело на операцијата за рекетирање на политичари, бизнисмени, македонски граѓани, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сите слушнаа како Боки 13, го споменува името на Зоран Заев во една од аудио снимките на „Ла Верита“ и како тоа тој нема да прави проблеми за рекетот. Сите слушнаа како Боки 13 откако рекетира, заминува на средба со Заев. Сите освен Русковска и Јовевски кои на прес конференција лажеа и тврдеа дека нема вмешано политичари во аферата „Рекет“.

— реклама —

Што се случи со Коки, Кики, Фрики, Шеки и останатите членови на рекетарската банда, што се случи со градоначалниците на СДСМ кој потпишуваа меморандуми за соработка со невладината организација на чие чело беше Боки 13, а за која сега постои основано сомневање дека служела за перење пари.

— реклама —

Дали „истрагата“ на Русковска не се проширува бидејќи и самата знае дека доколку истата ги зафати пипците на октоподот, ќе се стигне до главата? Зошто Русковска упорно го штити и амнестира Зоран Заев?

— реклама —

Правда во Македонија одамна нема, правната држава ја укина човекот кој никогаш не се соочи со правдата, човекот кој три пати е амнестиран за тежок криминал, Зоран Заев.

Но вистината секогаш излегува на виделина, Зоран Заев е спремен да ги предаде своите најблиски соработници за да купи уште малку време, за да краде и рекетира. деновите во премиерската фотелја му се избројани. Граѓаните ќе ја казнат оваа криминална рекетарска банда на чело со Зоран Заев, а тогаш ќе одговара за сите злодела и криминали, а ќе одговараат и оние кои се ставија во заштита на криминалот, наместо да го гонат истиот,  се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања