„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува дали е точно дека Заев ги прифатил сите барања од бугарската држава врзани со историјата и македонскиот јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува што договорил Зоран Заев и дали е точно дека ги прифатил сите барања од бугарската држава врзани со историјата и македонскиот јазик, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Од владејачката партија има молк по ова прашање, а отвора простор за сомнеж дека повторно на пазар се поставени македонската историја и македонскиот јазик?

Дали дел од пакетот на договор е фактот што Заев во честитката за Св. Кирил и Методиј ниту еднаш не го спомена зборот македонски јазик?

— реклама —

За само неколку месеци ретроградната политика на Заев создаде проблеми со сите соседи на Република Македонија.

Освен проблемот со Бугарија и кочењето на евроатланските интеграции, Заев преку Пендаровски директно се замеша во разговорите помеѓу Белград и Приштина, а последно е што се создаваат и проблеми со западниот сосед.

Заев со неговата неспособна надворешна политика создаде спорови со сите соседи на Македонија.

Заев  не е способен да испорача резултати на ниту едно поле.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања