Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО ДПМНЕ: Како опозиција имаа превработеност во администрацијата, денеска се фалат со неверојатни 3.300 вработени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Македонската јавност повторно го гледа Заевизмот на дело. Уште еднаш ја гледаме на дело мантрата на СДСМ, кажувам, заборавам, негирам. Од позиција на опозиција СДСМ, Зоран Заев и сите околу него потенцира колку е обемна и неефикасна македонската јавна администрација, говореа за критериумите на Европската Унија во однос на истата, за сега од позиција на власт буквално да поплукаат на се што кажале, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ на изнесените податоци од страна на Дамјан Манчевски.

— реклама —

Денеска министерот за информатичко општество и јавна администрација, Дамјан Манчевски обелодени информација дека само за една година во период од 2017-та до 2018-та година јавната администрација пораснала за неверојатни 3.300 вработени.

Државниот буџет е оптоварен за нови 3.300 вработени, партиски војници, роднини и блиски на функционери на СДСМ и власта. На СДСМ не му беа ниту доволни веќе постоечките работни места па почнаа да измислуваат функции, некакви си заменици директори само за да ги вдомат ,,најзаслужните’’ за воведување на Заевизмот.

— реклама —

Да потсетиме дека токму Манчевски во 2017-та година изјави дека ,, Во јавната администрација има превработеност’’. Што се случува сега во јавната администрација, дали Манчевски заборави што говорел?

На ова лудило мора да се стави крај, мора да се стави крај на лагите и манипулациите со македонската јавност, со македонските граѓани. Мора да се стави крај на неправдите и лагите, мора да се стави крај на Заевизмот, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ на изнесените податоци од страна на Дамјан Манчевски.

.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања