Предизборните пазари кои СДСМ ги правела само за да биде на власт, а на штета на граѓаните за кои укажувавме претходно сега веќе јавно се потврдуваат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид.
Во медиумите веќе се појавија потпишани документи кои исто така беа потврдени и од општинската говорница на вчерашната седница. Каков писмен договор направил Томислав Тунтев со Нефи Усеини за вработувања во општина Охрид и јавните претпријатија?
Како Тунтев ќе го објасни барањето во договорот на Коалицијата „Заедно за Охрид“ до крај на мандат да се спроведе законската категорија и еднаква застапеност на работните места општина Охрид и Јавните претпријатија?
Дали поранешниот претседател на ОО СДСМ Охрид, Тунтев и советникот Усеини знаат дека за вакво дело сносат кривична одговорност?
Тунтев и Усеини треба да се засрамат поради политички договор во замена на гласовите на етничките заедници.
Цела јавност знае дека многу добро е дефинирано со Закон вработувањето на етничките заедници, а не со политики пазар.
СДСМ директно застанува против интересите на охриѓани.