Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

ВМРО-ДПМНЕ: Кики и Фрики се уште се на слобода, а Јанева веќе 5 дена ја нема никаде

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

katitsa-janeva

Се што допре Зоран Заев го претвори во пепел. Неговиот криминоген карактер за три години ја уништи, државата, институциите и сите проекти до кои се докопа заедно со своите крими соработници. Наместо неселективен и ефикасен орган на прогон, СЈО го претворија во партиска испостава која служи за заплашување на противниците на Заев и собирање на рекет за лично богатење, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев, главата на политичко-медиумско-судско-криминален октопод нема веќе морално право да говори за закони и да предлага решенија.

— реклама —

Случајот ,,Рекет’’ од ден во ден добива нова криминална димензија, а се погласни се гласините дека во него се вмешани и други високи функционери од власта.

— реклама —

Кики и Фрики од рекетарската приказна објавена во медиумите се уште се на слобода, а Заев ги крие велејќи дека не постоеле.

— реклама —

Никој во Македонија не верува дека ваков криминален октопод може да постои без знаење на Заев. Уште помалку граѓаните веруваат дека човекот кој три пати е амнестиран за криминал, Зоран Заев не е вмешан во оваа рекетарска афера.

Катица Јанева веќе 5 ден по ред ја нема никаде, а само ден откако се обелодени овој рекетарски политичко-судско-медиумски октопод таа замина на боледување. Никој во Македонија повеќе не и верува на Јанева. Надлежните мора да истражат и да испитаат дали таа го фалсификува и злоупотребува своето боледување. Дали таа зема плата за да седи дома?

Вистината за случајот Рекет мора да се обелодени. Јавноста мора да знае какоКатица Јанева е вмешана во овој криминално рекетарски случај.

СДСМ ја погреба правната држава, СЈО, Рускоска обвинителството и Кацарска судството ја урнисаа надежта дека во Република Македонија може да има правда со Заев на власт.

Право и правда мора да има, и ќе има. Судот и обвинителството мора да се ослободат од стегите на власта. Доколку тоа не се случи, правда ќе има кога Зоран Заев ќе си замине, а тогаш ќе одговараат сите оние кои сториле криминал, како и сите оние кои се ставиле во функција на заштита на истиот“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања