Промени тема
Контакт

ВМРО ДПМНЕ: Кога Спасовски вели ќе вработиме 600 полицајци тоа се 600 партиски војници на грбот на народот, веќе СДСМ прави списоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

СДСМ откако е на власт воведе принцип вработи го секој лепач на плакати на грбот на народот.

Македонија во рецесија, граѓаните гладуваат, а власта вработува партиски војници.

Додека падот на економијата е еден од најголемите во Европа, кога 50 илјади лица останаа без работа, а половина милион граѓани живеат само со 130 денари на ден, власта си ги наградува партиските војници со работни места во државна администрација, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

Ветувањето за помала администрација во предизборна кампања кое што го даваше Зоран Заев бргу го заборави власта. И по изборите се воведе принципот вработи го секој лепач на плакати на грбот на народот.

— реклама —

Доказ дека СДСМ ја полни државната администрација со партиски војници е огласот на МВР.

Според информации на ВМРО-ДПМНЕ веќе по општинските организации на СДСМ се прават списоците кои да се вработат во МВР.

— реклама —

Тоа е така зошто Спасовски си прави партиска полиција, а тоа е уште еден доказ за партизацијата на полициските структури.

Кога Спасовски вели ќе вработиме 600 полицајци тоа се 600 партиски војници на грбот на народот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања