ВМРО ДПМНЕ: Кој “грев” е поголем, тоа што Менкиновски е адвокат на бизнисменот Камчев, или тоа што го бранел криминалот на Зоран Заев во случајот поткуп?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
HM-protest-28112020

Тони Менкиновски е адвокат со повеќедецениско искуство. Освен тоа што во моментот е адвокат на бизнисменот Јордан Камчев, тој бил и адвокат на Зоран Заев во случајот поткуп, со снимката каде што целата јавност виде дека Зоран Заев бара мито од 200 илјади евра, евро за црквата- евро за Вицето, истата таа снимка која судот на Заев ја забрани, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ, кое е реакција на прес конференцијата од Богданка Кузеска портпарол на СДСМ.

— реклама —

Во продолжение на реакцијата од ВМРО ДПМНЕ се вели:

— реклама —

Водејќи се по оваа лажна прес конференција, би запрашале кој “грев” е поголем, тоа што Менкиновски е адвокат на бизнисменот Камчев, или тоа што го бранел криминалот на Зоран Заев во случајот поткуп?

— реклама —

За разлика од СДС кои контруираат лаги, ние зборуваме со факти и фотографии.

Но она што треба да се разјасни е следново:

По аналогијата на СДСМ прашуваме дали апсењето на Камчев е лична освета на Заев поради случајот Рекет каде е компромитирано целото СДС?

 

Што знае Камчев за парите од рекетот, а поради што се плаши Зоран Заев?

Колку средби имал Заев со Јордан Камчев, и дали на нив е зборено за пари?

Дали Камчев знае точно каде се отидени парите од рекетот за кој прво осудениот Бојан Јовановски рече дека треба да се бараат во Струмица, кај Вице и Зоран Заев?

фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања