Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Колку минимални плати потроши Трпе Деаноски на спортски игри во Црна Гора, и дали за него тим билдинг значи луксузирање на грбот на членството на УПОЗ?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryj5rj4tdcntdn1WmV5Vz

 Трпе Деаноски, кој го предводи синдикатот УПОЗ организираше четиридневни спортски игри во луксузен туристички комплекс во Чањ, Црна Гора. Ова патување чинело околу 60.000 евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Исто така, ова патување е финансирано од чланарините кои членовите на УПОЗ, редовно ги плаќаат, од нивната плата.

— реклама —

Деаноски е познат на јавноста по тоа што постојано говори дека се бори за работниците, како и за покачување на нивните плати.

Како точно Деаноски се бори за работниците кога троши 60.000 евра во туристички комплекс за 4 дена во Црна Гора?

— реклама —

Дали членовите на УПОЗ се запознаени со тоа дека Деаноски ги троши нивните чланарини за луксузирање во Црна Гора?

— реклама —

Деаноски, доколку веќе одржува спортски игри, можел да одлучи да го спроведе тоа некаде во земјава и средствата да останат во домашниот туризам.

Но, исто како Слободан Трендафилов, и Трпе Деаноски  живее во филмот на синдикален елитизам и се луксузира.

— реклама —

Трпе Деаноски да одговори колку минимални плати потроши за четири дена луксузирајќи се во Чањ и зошто не беше целосно транспаретен за оваа екскурзија“, се вели во соопштението.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања