Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО ДПМНЕ: Константин Георгиески, не ги почитува одредбите од Изборниот законик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

За СДСМ и Константин Георгиески законите се мртво слово на хартија и тие не важат. Спротивно на законите кандидатот за градоначалник Георгиески продолжува со предизборни активности, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Зошто не се почитуваат одредбите од Изборниот законик коишто се однесуваат на забрана за активности пред официјалниот почеток на кампањата?

— реклама —

Каква демократска држава е таа во која не се почитува членот 69 со што се нарушува начелото на демократски принципи на функционирање на изборниот процес?

— реклама —

Државната изборна комисија апелираше, Георгиески и СДСМ одат спротивно на тоа. Георгиески веќе неколку денови е во придружба на партиски членови на СДСМ на јавни настани што е доказ дека Георгиески на настаните е присутен по партиска агенда. Ова е флагрантно кршење и непочитувње на законите.

— реклама —

Државната изборна комисија не смее да го толерира ваквото однесување на Георгирски и мора да го санкционира.

Ги потсетуваме претставниците на ОБСЕ да го имаат предвид кршењето на одредбите на Изборниот законик и нарушувањето на демократските процеси. Георгиески ја потценува интелигенцијата на охриѓани. Наместо да води предизборна кампања што е спротивно на законот треба да понесе одговорност за неспособноста за правилно менаџирање на Општината и Јавните претпријатија.

СДСМ и Константин Георгиески се кочницата за развојот на Охрид. Ветија многу работи, а не направија. Што побрзо си заминат од власт, а брзо ќе си заминат, тоа подобро за Охрид и охриѓани, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања