Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски свесно лаже за монструозниот скандал со Онкологија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Колку треба да е безочен Ковачевски, за вака да лаже и да манипулира за скандалот со крадењето и трговијата со цитостатици на клиниката за онкологија, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Овој криминал не е „мултикултурен“ како што вели Ковачевски, туку е директно поврзан со кадрите кои го раководат здравството и соодветната институција, кадри кои се негов избор или производ на неговиот коалициски пазар.

— реклама —


— реклама —

„Ковачевски свесно лаже дека допрва ќе воведуваат систем за следење на лековите и терапијата, а не кажува дека ист таков систем бил воведен во клиниката за Онкологија во 2016-та и истиот бил укинат и фрлен во подрум веднаш штом СДС ја добива власта и поставува свој кадар во клиниката. Сега е веќе јасно зошто бил исклучен системот за следење на терапијата, за терапијата да ја снемува, пациентите да се соочуваат со недостог или да примаат само физиолошки раствор, а ампулите кои чинат по илјадници евра да завршуваат на црниот пазар. Ковачевски лаже, суши, велат од партијата на Мицкоски.


— реклама —

Тој, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, многу добро знае дека за состојбите на клиниката за онкологија знаеле менаџерскиот тим и министрите кои ги именувал.

— реклама —

„Сите тие вклучително и тој се одговорни за тоа како одредени пациенти мака мачат да ги добијат лековите кои за нив живот значат, додека за други ги имало под рака или ги добивале истите лекови кои бесплатно ги следат но на црн пазар. Овој монструозен скандал е многу повеќе од обична корупција која ја практикува власта на Ковачевски. Овде се работи за крадење од болните кои се борат за ден повеќе живот. И Бог, но и народот ќе им судат. Одговорност и кривична, но и политичка ќе има“, потенцираат од опозициската партија.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања