Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ветуваше 5% раст на БДП годишно, а годинава ќе завршиме со мизерни 1,8% – убедливо најлош економски резултат во регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Ковачевски ветуваше просечен годишен раст на БДП од 5%, а годинава според извештајот на Светска Банка ќе завршиме со најнизок економски раст во регионот со само 1,8%.

— реклама —


Ковачевски и СДС зборуваа за инфлација од 5,6% инфлација, а Светска Банка прогнозира двојно повисока.

— реклама —


— реклама —

Очигледно дека извештајот на Светска Банка е најдобриот демант за сите лаги кои ги пушта владата на ДУИ и СДС. ПОразителен е фактот кој го потенцира Светската Банка, дека Македонија ќе има најнизок раст, највисок дефицит и огромна инфлација,  велат од ВМРО-ДПМНЕ.


– Ова се резултатите од катастрофалната економска политика на ДУИ и СДС. Народот во Македонија 4 пати побрзо ќе осиромашува, затоа што кај нас цените на основните продукти се 4 пати повеќе поскапени, за разлика од растот на цените во Европа. Затоа црните прогнози за до крајот на годината велат дека над 600 илјади граѓани ќе живеат во сиромаштија, а најмалку 80 илјади лица ќе бидат во екстремна сиромаштија со само 60 денари на ден, додаваат оттаму.

— реклама —

Од опозициската партија велат дека „само политичари без срам, какви што се овие во владата, на вакви економски параметри може да речат дека македонската економија блеска. За доброто на Македонија оваа власт треба да замине час поскоро. Секој ден со оваа власт стопанството ќе тоне, а народот ќе осиромашува“.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања