ВМРО ДПМНЕ: Крајно време е ЈО да се охрабри и да го повика Зоран Заев на распит

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
120190420_222336

Не поминува ден, а да нема нова индиција, документ или сведоштво за вмешаноста на Зоран Заев во случајот Рекет.

— реклама —

Медиумите вчера објавија нови информации, согласно кои Зоран Заев е спомнат како човек кој бил запознаен за рекетирањето, но и дека Боки Тредичи се фалел дека доколку истиот го плати рекетот ќе биде поставен за директор на една телекомуникациска компанија, во која државата е косопственик, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Крајно време е ЈО да се охрабри и да го повика Зоран Заев на распит. Милионски рекет во времетраење од неколку месеци не може да се случи без институциите на системот, а со тоа и премиерот лично да не знаат.

— реклама —

Боки Тредичи според исказите на жртвите бил во константна комуникација, не само со Катица Јанева која е директен извршител на делото, туку и со високи функционери од власта, кои де факто се помагачи и со своето влијание и авторитет му овозможиле на Боки Тредичи позиција да рекетира.

ЈО да престане да биде развлекувач на истрагата. Да постапи согласно закон и да поведе истрага против сите потенцијално вмешани.

Владата, Зоран Заев лично, ЈО и сите чинители во процесот треба да знаат, дека иднината на Македонија е пред нивните политички кариери. Развлекувањето на случајот Рекет може сериозно да го стави под знак прашалник нашето отпочнување на преговори со ЕУ.

Граѓаните не заслужуваат да бидат жртви заради погубните и криминогени политики на Заев.

Власта треба да распише предвремени парламентарни избори час поскоро. За иднината на Македонија се работи, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања