Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ВМРО ДПМНЕ: Криминалната банда на чело со Заев го подготвува најмегаломанскиот буџет во историјата, тежок 4 милијарди евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Криминалната банда на чело со измамникот Зоран Заев го подготвува најмегаломанскиот буџет во историјата на Република Македонија, тежок 4 милијарди евра. Додека беше во опозиција критикуваше дека буџетот бил преголем, ветувајќи дека ќе го намалел и ќе ги крател задолжувањата. Заев излжа. Долговите постојано се зголемуваат, капитални инвестиции нема, а никој не знае на што ќе се трошат парите.

Како и досега преку криминални тендери и грантови, но и партиски вработувуања, парите на граѓаните ќе завршуваат во џебовите на високи партиски и државни функционери на СДСМ. Граѓаните од мегаломанските буџети на СДСМ видоа само лоповлук и расипништво, а реализацијата на капиталните инвестиции веќе трета година по ред е очајна. Оваа година капиталните инвестиции го достигна дното со реализација од околку 30 проценти за 9 месеци.

— реклама —

Измамникот Заев го најави и бројчаникот кој ќе ги прикажувал парите што ќе ги врател во буџетот. Каде е бројчаникот кој го ветуваше Заев? Каде се 6-те милијарди кои Заев и СДСМ тврдеа дека се украдени? Се е лага до лага. Само потврда на лагите добија граѓаните од власта на Зоран Заев. Нема живот, ниту ветеното враќање на парите.

За 3 години аблоцираниот криминалец Заев потроши 10 милијарди евра пари на граѓанитe. Имајќи ја предвид неговата богата „кариера“ проследена со корупција и криминал не е тешко да се претпостави каде завршија народните пари.

— реклама —

Граѓаните тонат во сиромаштија, едвај го минуваат месецот. Повеќе од половина милиони граѓани на Република Македонија денот го минуваат со еден оброк, живеејќи во сиромаштија. На криминалот и корупцијата мора да се стави крај.. Граѓаните ќе одберат обнова на Македонија наместо криминална банда на чело со аболициран криминалец која ја носи државата кон бездна.

— реклама —

На 12 април доаѓа крајот на оваа корумпирана, алчна и расипничка власт. Македонија заслужува чесна влада кој ќе се грижи за нив и која ќе ја врати земјата на брза лента во ЕУ интеграциите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања