Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на улиците, запалените автомобили, грабежите и убиствата се резултат на неспобноста на власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

СДСМ да престане да бега од граѓаните и да распише предвремени парламентарни избори најдоцна до недела. Република Македонија не смее повеќе да тоне само за да може Заев и картелот околу него да нижат милионски профити, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Секојдневниот криминал на улиците, запалените автомобили, грабежите и убиствата се резултат на неспобноста и криминогеноста на власта.

— реклама —

СДСМ нема капацитет да обезбеди јавен ред и мир и затоа граѓаните се постојано исплашени. Улиците не се сигурни. Криминалот станува пракса, а власта ништо не презема. Ова не може да продолжи. Граѓаните заслужуваат да живеат во држава која може да ја гарантира нивната безбедност и безбедноста на нивниот имот. Со СДСМ на власт тоа не е можно.

Оваа власт целосно го деградираше правото и правната држава. Тоа се гледа и по уништеното судство и обвинителство, кои не одлучуваат согласно закон и устав, туку согласно диктатите на власта.

— реклама —

Држава во која полицијата не процесуира ниту еден случај на криминал, а обвинителството и судството се само политичка алатка на власта не може да оди напред.

— реклама —

Република Македонија не смее да продолжи да губи. СДСМ мора да си замине“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања