Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО-ДПМНЕ крои нов закон за обвинителство: Постоечкиот е закон предложен од Заев кој е најкриминалното суштество

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dimce-arsovski-katica-janeva

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски вели дека неговата партија спремила нов предлог-закон за обвинителство.

„Тој предлог закон е во финална фаза, односно се финишира. Од поодамна е започнат да се прави од страна на нашите правни тела во партијата, меѓутоа во моментот кога ќе завршиме со анализа на законот кој што е предложен од страна на Зоран Заев тогаш ќе излеземе веднаш со нашиот предлог закон односно со целиот концепт како ние е направен и сложен“, вели Арсовски.

— реклама —

Предлог-законот кој Владата го достави до Собранието е во фаза на анализа од страна на опозицијата.

— реклама —

„Ова е закон предложен од Зоран Заев а знаеме дека Зоран Заев моментално е најкриминалното суштество кое што се обидува да се спаси. Така да треба да се прочита со внимание за да се видат сите скриени намери кои што веќе добро ни се познати на сите, односно да се заштити самиот. Така да во текот на наредните денови ќе излеземе со конечен став во однос на законот“, додава Арсовски.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ се уште нема нивни предлог за шеф на новото обвинителство кое ќе гони криминал и висока корупција.

„Најпрвин во законот треба да се дефинираат сите оние постулати и принципи кои што ги предложивме до СДСМ а тоа се принципи и постулати на кои што почива меѓународното право однос европското право, веќе се етаблирани и концепциски направени и веднаш потоа ќе стане збор и за предлог јавен обвинител, меѓутоа предлог јавен обвинител кој што нема да биде во блиска корелација со Зоран Заев. Предлог обвинител кој што ќе може на вистински начин да ја донесе правдата во Република Македонија а не да гледаме како сега да биде предмет кој што ќе уценува и ќе биде продолжена рака на Зоран Заев и СДСМ“, додава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања