Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ВМРО ДПМНЕ: Лажната социјалдемократка Царовска носи шал од Гучи кој чини колку една месечна плата на наставник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
carovska-780x470

Лажната социјалдемократија на власта на Заев излегува на виделина. После златниот прибор на Заеви кој чини 50 илјади евра, сега гледаме дека министерката Царовска за шал потрошила 370 евра.  Ова е врв на безобразието. Во држава во која половина милион луѓе живеат во сиромаштија со само 2 евра дневно, премиерот јаде со златни лажици, а министерката Царовска која до вчера глумеше загрижена за ранливите категории се топли со Гучи шал кој е поскап од една просечна плата во Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Шалот на Царовска чини скоро колку две месечни плати во текстилната индустрија или скоро колку една плата на наставник во образованието. Лажното душегрижништво на Царовска , Заев и останатите во владата е врв на лицемерието. Се расфрлаат со луксуз од кој боли глава во време кога во Македонија без работа се останати 54 илјади работници и кога уште толку не земаат редовно плата. Додека државата енормно се задолжува со една милијарда евра за една година, буржоазијата на власт троши за луксузи и сопствени удопства.

— реклама —

Јавноста се чуди потоа зошто власта не може да разбере дека на народот му се скапи патарините. Па како ситата власт да го разбере гладниот народ. Оваа однародена и одлепена од реалност Влада живее во свој свет на злато, шалови Гучи, шампањи, лигњи, додека народот гладува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања