ВМРО ДПМНЕ: Лицемерието на Заев е што го краде народот со поскапа струја во исто време кога Заеви имаат Мајбах и Порше

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Заеви преку ноќ се стекнаа со возен парк од неколку стотици илјади евра. СДСМ прави евтин театар кој не поминува кај граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

СДСМ секој ден покажува дека не го интересираат проблемите на граѓаните. Врвот на СДСМ го интересира само максимизирање на профитот на грбот на граѓаните. СДСМ безобзирно посегнува во џебовите на граѓаните и безуспешно се обидува да го сврти вниманието од реалните проблеми.

— реклама —

Власта ја покачи струјата за да може мафијата и Заев да ги полнат џебовите со парите на народот.

— реклама —

СДСМ има апсолутна власт во последните години и наместо да ги разгледуваат забелешките на граѓаните тие неуспешно се обидуваат вината да ја префрлат кон опозицијата.

Лицемерието на СДСМ нема граници. Семејството на премиерот ги поседува  најскапите и најексклузивните автомобили во Македонија. Тие не зборуваат ништо за Мајбахот на Трајче Заев од 300.000 евра. Заеви поседуваат Порше Тајкан за 200.000 евра. Зоран Заев си развозува со мотор БМВ од 35.000 евра.

Заев не се бори против криминалот, Заев го прави криминалот. Заев не е решение на проблемите, Заев е проблемот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања