Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО ДПМНЕ: Локални шерифи на власта ги тероризираат граѓаните, а институциите молчат и го штитат криминалот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Македонија тоне во криминал. Локални шерифи на власта ги тероризираат граѓаните, а институциите молчат и го штитат криминалот.

Почитуваниот Усеини, како што милува да каже Заев, повторно е вмешан во насилен инцидент, а овој пат тој отиде и чекор подалеку закануваќи му се на универзитетски професор дека ќе го убие. Советникот Нефи Усеини го тероризира Охрид и Охриѓани и ова не е прв пат физички да нападне граѓанин и да не биде санкциониран, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Усеини според сведоштвото на жрвата, на диво се приклучил на водовоната мрежа и од него крадел вода, па откако повика екипа на Водовод, советникот се реши физички да се пресмета со него.

— реклама —

Претходно медиумите информираа дека тој физички нападнал и инспектори кои правеле записник за неговата дивоградба во центарот на Охрид, а целата јавност знае и за нападот врз советникот од друга политичка партија на седницата на Советот во општина Охрид.

— реклама —

Медиумите ја запознаа јавноста дека Усеини од општина Охрид добивал и тендери вредни стотици илјади евра, а во случај кога тој е советник во општината станува збор за класичен судир на интереси.

Со своето дивеење Усеини го загрозува и статусот на Охрид како град заштитен од УНЕСКО, поради фактот што самиот тој поседува две дивоградби, една која се наоѓа на охридското крајбрежје и една во централното заштитено градско подрајче.

Усеини е симбол за владеењето на Зоран Заев. Тој е пример за башибозукот, анархијата и дивеењето на локалните шерифи на власта за кои не важат законите, правото и правдата. За да се стави крај на шерифите, мора да се стави крај на владеењето на Зоран Заев. За да се врати правдата во Македонија и да одговораат сите оние кои се огрешиле пред законот, Заев мора да ја заврши својата тажна политичка кариера, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања