Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО ДПМНЕ: Мафијашкото владеење на Зоран Заев се базира врз политичкиот прогон на неговите неистомисленици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Македонија е заробена држава, заробена од заевизмот, систем на владеење кој ја укина правната држава и владеењето на правото во Македонија.

— реклама —

Мафијашкото владеење на Зоран Заев и неговиот клан се базира врз  политичкиот прогон на неговите неистомисленици. Оние кои први го кренаа гласот против оваа одродена и криминална власт, станаа првите жртви на нејзиното владеење, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија е единствената држава во демократска Европа во која во 21 век во затворите се уште има политички затвореници, луѓе кои таму се наоѓаат само поради различните политички ставови со Зоран Заев.

— реклама —

Кацарска судството и Русковска обвинителството се симболи на заевизмот, симбол на неостварените ветувања за правда во Македонија, симболи на политичкиот кој не бира средства и начини за вршење тортура врз  политичките противници на власта.

— реклама —

Доказ за политичкиот прогон во Македонија е и преседанот со апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков кој беше приведен на мафијашки начин со измислена службена белешка, и покрај дадената парична гаранција, само неколку дена пред да биде изречена пресудата за политички монтираниот случај за 27 април.

Правото и правдата во Македонија мора да се врати. На заевизмот кој е реминисценца на криминалната транзиција мора да се стави крај. Победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори ќе го најави враќањето на правото и правдата во Македонија, ќе го најави поразот на заевизмот и враќањето на правдата во нашата држава. Правната држава ќе се врати во моментот кога Зоран Заев ќе стане минато на македонската политичка сцена, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања