Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО ДПМНЕ: Македонија е единствена држава во Европа која што има политички затвореници - жртва на прогон на Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

СДСМ ги злоупотребува институциите за политички прогон врз неистомислениците. Законите не важат за Рашковски, Дудуш и послушниците на Заев. Македонија е единствена држава во Европа која што има политички затвореници кои се жртва на прогон на Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

На Заев не му е доволно да нарачува обвиненија против неистомисленици па сега се изживува врз нив.

— реклама —

Обвинителството и судството работата под диктат на Заев и СДСМ. Тоа најдобро го покажува и последниот случај каде што 8 обвинети во предметот Шпански скали се наоѓаат во притвор во истражниот случај со образложение дека ќе влијаат врз сведоците, а сведоците во досегашната постапка се уште не се изведени иако поминаа повеќе од десет дена.

— реклама —

Политичкиот прогон стана секојдневие.

— реклама —

Повеќе од 10 дена четири жени се наоѓаат во истражниот затвор Шутка осудени на нечовечки и нехуман третман. Тие се жртви на прогонот на Заев, а единствена нивна вина е што ги извршувале своите работни задачи и дале мислење за предмет кој е во нивна надлежност.

Димитар Димовски кој е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митовски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром, се само дел од жртвите на заевизмот само поради тоа што ги обелоденија катастрофалните и криминални политики од страна на власта.

Власта со злоупотреба на органите на прогонот сака да ги заплаши сите слободномислечки граѓани.

Заев и неговиот криминален картел на власт се во паника поради слабиот рејтинг и знаат дека масовно ја губат поддршката од страна на граѓаните и со монтирани случаи ја дефокусираат јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш преиспитување на одлуките за притвор на сите осомничени лица. Судството и обвинителството мора да се ослободат од спрегите на Заев и СДСМ и да носат одлуки исклучиво врз доказите и фактите, а не според желба на деспотот Заев и неговиот криминален картел.

Со СДСМ и Заев на власт Македонија и граѓаните губат.

СДСМ и Заев наместо подобра иднина за граѓаните донесе само неправда, криминал и нечесност на секој чекор.

Правната држава во Македонија ќе се врати кога СДСМ и Заев ќе си заминат.

На Македонија и се потребни промени, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања