Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО ДПМНЕ: Македонија ќе остане изолирана, а граѓаните ќе заболуваат и умираат, доколку власта не преземе одговорност и не го стави здравјето како приоритет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

СДСМ и Заев катастрофално се справуваат со пандемијата во државата. Бројот на новозаразени од Ковид-19 секојдневно зголемува. Додека сите земји во регионот излегуваат од кризата, Република Македонија за последните недела дена има 368 ново заразени и 25 починати, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Бројката станува се поаларамантна, а на СДСМ и Заев не им е гајле за тоа. Тоа само докажува дека не им е важно здравјето на граѓаните и без никаков срам  сакаат избори и тераат кампања. Кампања каде бројката на излезеност ќе биде многу помала, а со тоа мислат дека ќе го ублажат поразот.

— реклама —

Во услови кога голем дел од СДСМ и од Влада се во самоизолација, тие ги лажат граѓаните дека пандемијата е победена. Тоа само покажува дека тие не знаат и не умеат да се справат со ситуацијата.  Нема никаква нова мерка или некој нов протокол што е уште еден доказ дека се тотално изгубени во целата ситуација.

— реклама —

И Комисијата за заразни болести наместо да предложи мерки кои ќе бидат за заштита на здравјето на граѓаните, тие спроведуваа мерки по диктат на Заев.

— реклама —

Овие три години откако се тие на власт  освен хибриден режим, неспособност, корупција, криминал и сиромаштија граѓаните не виде ништо друго. СДСМ ќе одговара за се што направи до сега.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Ние бараме Македонија прво да ги насочи сите свои капацитети во справување со епидемијата, а потоа да следат избори на кои Заев и неговата власт ќе бидат казнети од народот. Трите години власт на СДСМ и Заев донесоа хибриден режим, неспособност, корупција, криминал и сиромаштија и тоа народот ќе  знае да го казни соодветно, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања