Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО ДПМНЕ: Македонија тоне во криминал и корупција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Македонија тоне во криминал и корупција. Тоа не е правиот пат кон ЕУ, туку прав пат кон изолација. Доколку првиот човек во владата и партијата е заглавен во криминал, тогаш и останатите кои во хиерархијата се под него, го следат истото однесување, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Доколку првиот човек во владата и партијата лаже и манипулира, таквото однесување го следат сите негови соработници.

Затоа гледаме како медиуми од Албанија објавуваат снимки за корупција на владините функционери, а италијански медиуми ги разобличија првите соработници на Заев. Практично ја гледаме снимката „Евро за Вице” во продолженија.

Тоа е причината зошто Русковска обвинителството не ја откри целата мрежа која што постои за да се изнудуваат пари од бизнисмените.

— реклама —

Се губеа телефони, се форматираа компјутери, се одолговлекуваше истрагата. Таа не може да биде кредибилна кога лицата кои што може да влијаат на докази и на сведоци се уште се на функциите во владата.

Зошто Заев не е повикан во обвинителството иако беше спомнат во исказот на еден од жртвите во „Рекет“?

Пазар има и јавноста е свесна дека за помали казни Катица и Боки ќе молчат, а Русковска и Јовески ќе продолжат со контрадикторните изјави, ќе забошотуваат и ќе се спогодуваат, се со цел да не се дојде до главата на криминалниот октопод и да се спаси Заев.

— реклама —

На Македонија не и е потребно обвинителство и судство на копче кое се стиска од владата. На Македонија и се потребни суштински реформи, решавање на корупцијата која е во огромни размери откако е СДСМ на власт. Потребна е одговорност за корумпираните политичари и правда за невидениот историски криминал што се случува во државата.

Правдата доаѓа заедно со обновата на Македонија, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања