Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ: Милиони се изрекетирани, уште толку се исцедени од буџетот -криминалот стана заштитен знак на Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Зоран Заев и Драги Рашковски под сомнителни околности ќе дадат 72 милиони евра на фирма која постои два месеци, а Јовевски и Русковска наместо да го испитаат случајот трчаат по повикот на Заев да собираат хартивчиња. Во случајот Рекет 2 беа изнесени директни обвиненија дека се рекетирани 11 милиони евра, а Јовевски и Русковска место да го истражат криминалот собираат кесички на повик на Заев, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Зоран Заев и неговиот брат Вице се директно обвинети од бизнисмен дека го рекетирале, а ЈО наместо да спроведе истрага чисти грмушки.

— реклама —

Во Македонија цела година е спроведуван организиран рекет, за кој постојат индиции дека е поддржан од врвот на власта, а Русковска и Јовевски наместо да ги бараат организаторите чистат смет по паркови.

Здравството го погодија аферите Вирус и Инсулин, имаше крвав тендер од 35 милиони евра и министерството се користи како средство за испумпување пари од буџетот, а ЈО наместо систематски да ги истражи случаите, систематски чисти зелени површини.

— реклама —

Рашковски заглавен до гуша во криминал. Аферата Леонардо не е ни процесуирана, а ЈО наместо да ја процесуира се зафати со чистење на тротоари.

— реклама —

Милиони се изрекетирани, уште толку се исцедени од буџетот преку матни тендери, криминалот стана заштитен знак на Заев и неговата влада, а Јовевски и Русковска наместо да ги гонат, со нив чистат покрај контејнери, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања