Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

Милионските криминали во Државна лотарија, за кои ВМРО-ДПМНЕ посочува дека ги извршиле Прпарим Бајрами и Артан Груби, а биле одобрени од СДС, денеска излегуваат на виделина, откако извештајот на Државниот завод за ревизија ги потврди неправилностите.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека злоупотребите се случувале токму во периодот кога на власт биле СДС и ДУИ, при што, како што тврдат, Прпарим Бајрами, партнер во криминал на Артан Груби, ја злоупотребил службената положба за износ од близу два милиони евра, пари на граѓаните.

— реклама —

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС и поранешниот министер Филипче молчеле и со тоа овозможиле ваквите криминални дејствија да продолжат, додека надлежните институции, судството и обвинителството, како што велат, не реагирале соодветно.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека е јасно зошто Бајрами и Груби се во бегство и зошто, како што тврдат, биле заштитувани од институции избрани од СДС и ДУИ. Тие додаваат дека сега, кога веќе нема кој да ги штити, СДС, според нив, во страв и паника отвора други теми, шири лажни вести и создава хистерија меѓу граѓаните.

— реклама —

Воедно, од ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат таканаречениот „антикорупциски тим“ на СДС да го истражи и овој случај, наместо, како што велат, да молчи пред утврдените факти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања