Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

ВМРО ДПМНЕ: Министерството за здравство денес буквално го призна скандалот со уништување на инсулин со валиден рок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
insulin

„Министерството за здравство денес буквално го призна скандалот со уништување на инсулин со валиден рок, колку и да се крие зад манипулативни соопштенија. Министерството за здравство потврди дека уништило инсулин со валиден рок“, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Тие велат дека кога веќе се признал скандалот тежок 1,5 милиони евра, тогаш треба и да се понесе и одговорност.

— реклама —

„Уништени се количини од инсулин кој го произведува една од најреномираните светски компании, која со своето реноме стои зад квалитетот и не се работи воопшто за неквалитетен инсулин. Ги повикуваме министерството за здравство да ја објавата целата документација за ова скандалозно уништување и ако имаа храброст нека објаснат како инсулинот произведен од една од најреномираните светски компании бил неквалитетен“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Уништениот инсулин имал рок на употреба до 6 и 7 месец наредната 2020 година, што го отвора сомнежот дека крајната цел била да се создаде во наредниот период инсулинска криза во Македонија, која после би се менаџирала со интервентна набавка.

— реклама —

Оваа уништена количина има пазарна вредност од 1,5 милиони евра и за таа сума постои штета по буџетот за која некој треба да одговара.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања