„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ВМРО-ДПМНЕ: Младите се најголемата жртва на лагите и манипулациите на СДСМ и Зоран Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

СДСМ и Заев донесоа црнила за младите во Република Македонија. СДСМ ги разочара младите. Дури 83,7 проценти на млади лица на анкетата на порталот Факултети.мк одговориле дека би заминале од Република Македонија кога би можеле и би имале шанса, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Фрапантни се процентите кои покажуваат дека младите не се задоволни од оваа криминогена влада на СДСМ на која единствен приоритет и се бизнис интересите и милионските тендер склучени во четири очи.

Младите се најголемата жртва на лагите и манипулациите на криминалната влада на СДСМ и Зоран Заев, се што им ветуваа брда и долини, а немаат направено ништо.

— реклама —

За СДСМ младите никогаш не биле приоритет. Младинската гаранција, изградба на студентски град и тоа во првите 6 месеци од преземањето на функцијата како и подобрување на студентскиот стандард, погодност за студентите и младите невработени на СДСМ се проекти кои останаа само празно слово на хартија“, велат до опозициската партија.

Тие додаваат дека СДСМ и Заев ги измамиле младите. СДСМ и Заев за скоро две години од нивниот мандат освен што ги излажале и манипулирале студентите, покажале и дека немаат намера да направат ништо добро за младите.

„Фокусот на ВМРО-ДПМНЕ е во младите. Затоа ВМРО - ДПМНЕ во новата програма планира пристапи кои ќе ги поттикнат најдобрите студенти, ќе направат мост помеѓу образованието и бизнис заедницата, ќе ги подобри состојбите во образованието и ќе понуди остварливи цели за нормализирање на животот на младите, тука, во Македонија.

СДСМ и Заев се директно одговорни за уништување на младите и затоа мора час поскоро да заминат. На Македонија и требаат млади кои одново ќе треба да ја издигнат државата од пустошот кој го направи Заев и СДСМ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања